In Medias Res Titelbild

In Medias Res

In Medias Res

Von: Институт за комуникациски студии
Jetzt kostenlos hören, ohne Abo

Nur 0,99 € pro Monat für die ersten 3 Monate

Danach 9.95 € pro Monat. Bedingungen gelten.

Über diesen Titel

In medias res е месечен поткаст кој го објаснува апсурдното политичко и општествено секојдневие во Република Македонија. Преку анализа на настаните и одлуките кои нѐ довеле до тука, но и преку обид да се антиципираат идните настани – ин медиас рес го прави секојдневието полесно за разбирање. Ненад Марковиќ месечно води разговор со политиколози, историчари и општествени аналитирачи на теми кои сите нѐ засегаат.Copyright 2025 Сите права се задржани Politik & Regierungen Sozialwissenschaften
  • Како после Кочани? Дискусии за подобрување на кризна комуникација и зачувување на менталното здравје
    Apr 5 2025
    Несомнено дека трагедијата од невидени размери во Кочани имаше огромен импакт и нѐ погоди сите. Таа доведе до неизмерна тага, но и бес кај секој граѓанин. Таа ја покажа и солидарноста помеѓу македонските граѓани, но и солидарноста на другите земји со нас. Таа го стави системот на тест, односно ја испита подготвеноста на институциите во државата за справување со кризи. Таа нѐ натера да размислиме дали и во која мерка институциите делотворно работат, но и во која мерка законите се спроведуваат. Нѐ натера и да размислиме која е улогата на секој еден граѓанин, покрај институциите, во обезбедувањето на просперитетно и безбедно општество каде ќе владее правото. Нѐ натера да размислуваме и на последиците од неказнивоста и константното деградирање на институциите. Нѐ замисли и за улогата на односите со јавноста во услови на кризи од национални размери. На крајот, будејќи кај нас чувства кои можеби долго време (или никогаш) не сме ги имале, барем не со таков интензитет, нѐ доведе до прашањето – како да го зачуваме нашето ментално здравје во вакви кризни и трауматски ситуации. Природно, при изборот на темата која ќе ја обработуваме во оваа епизода од Ин Медиас Рес одлучивме да се бавиме со дел од овие прашања кои нѐ држат будни периодов. Поточно, одбравме две (меѓусебно) поврзани теми. Прво, одлучивме да разговараме за (тоа како да се подобри) кризната комуникација, т.е. комуникацијата на институциите со јавноста во услови на национални кризи и трауматски настани. Интенцијата е јасна. Иако кризните ситуации никој не ги посакува, тие може да се случат; затоа е неопходно да планираме во мирни услови за да имаме подобри одговори во услови на криза. Во таа насока со проф. д-р Марина Тунева зборувавме за потребата да се покаже емпатија при информирањето на јавноста, за формирањето на кризни штабови во кои ќе има лица задолжени особено за комуникација со јавноста, за централизирањето на комуникациите (така што после трауматскиот настан информации ќе доаѓаат само од еден центар) и слично. Второ, а поврзано со првото, зборувавме како да се зачува менталното здравје во услови на вакви трауматски настани. Ова прашање го набљудувавме од повеќе аспекти: како медиумите да ги пренесуваат информациите, водејќи сметка и за емотиционалната реакција кај граѓанитекако новинарите, како лица кои известуваат за трауматските настани, да го заштитат сопственото ментално здравјекако своето психичко здравје да го заштитат другите кои се во првите „борбени“ редови при сериозни кризикако граѓаните да се справат со емоциите кои ги чувствуваат и како да го канализираат гневоткако оние кои помагаат на волонтерска база и сл., да се заштитат себе си? За овие прашања зборувавме со проф. д-р Маријана Марковиќ. Таа посочи на ...
    Mehr anzeigen Weniger anzeigen
    40 Min.
  • Како подобро да администрираме со (реформата на) јавната администрација?
    Mar 7 2025

    Функционирањето на јавната администрација е една неисцрпно богата тема за дискусија. Тоа само по себе воопшто не нѐ изненадува.

    Прво, јавната администрација (или јавниот сектор воопшто) функционира користејќи ги јавните финансии, што значи дека секој од нас, на посреден начин, го плаќа административниот апарат во државата. Второ, јавната администрација решава за нашите права и обврски, како и за правните интереси, ни издава решенија, лиценци, дозволи, уверенија ... Таа ни нуди јавни услуги и директно влијае на квалитетот на нашиот живот.

    Оттука, во оваа епизода повторно се осврнуваме на извесни прашања поврзани со јавната администрација.

    Нашиот домаќин, Константин, разговараше со проф. д-р Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ за тоа како јавната администрација треба да се реорганизира за да биде ефикасна. Стана збор и за суровата реалност, односно за фактот дека не постојат конзистентни, длабински и суштински реформи, иако стратегии за реформа на јавната администрација постојат уште од 1999. Аспирацијата за мала, ефикасна и едноставна јавна администрација сѐ уште е само „слово на хартија“. Стана збор и за професионализацијата на менаџерските (раководните) функции (директори, членовите на органи и сл.) во јавната администрација и имплементацијата на мерит системот.

    Со адвокатот Жарко Хаџи Зафиров, пак, стана збор за (не)законитото работење на органите на јавната администрација во управните постапки (постапките кога јавните органи решаваат за права и обврски на граѓаните, по нивно барање или службена должност). Според него, иако се поминати долги години откако законодавството е модернизирано, јавните органи сѐ уште не го перцепираат граѓанинот како нивен клиент и причината за нивното постоење. Сервисна ориентација не постои. Не се почитува ниту обврската за службена размена на документи и докази помеѓу органите, иако е имплементирана во Законот за општата управна постапка уште во 2015 година. Како резултат на сево ова, граѓанинот сѐ уште мора да изгуби значително време, во работните денови кога мора да излегува од работа, за да поднесе барање на шалтер и да добие повратно решение ...

    Заклучоците се бројни, но еден е главен. Реформата допрва треба да дојде.

    Mehr anzeigen Weniger anzeigen
    36 Min.
  • Граѓаните му „пресудија“ на (право)судството – се задолжува да се подобри!
    Jan 30 2025

    Судството, правосудството, довербата во судството, владеењето на правото, корупцијата... Ретко кои теми се секогаш актуелни и релевантни како што се овие во јавниот дискурс. Исто така, ретко кои теми предизвикуваат „реформски замор“ (reform fatigue) како овие. Едноставно, бројните информации кои циркулираат во јавноста, скандалозните вести, неуспехот во борбата со корупцијата и организираниот криминал, анализите и измените во законите наспроти недостатокот од резултати доведуваат до аверзија кај граѓаните, ја зголемуваат недовербата во судскиот систем, правосудството и институционалниот поредок воопшто, т.е. ја намалуваат надежта за подобро утре.

    Во оваа епизода се осврнуваме на овие теми. Ја наоѓаме точката на поврзување помеѓу состојбите во судството, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Пораката е јасна – владеењето на правото и успехот во борбата против корупцијата се невозможни без независно судство, судство кое работи професионално и квалитетно, но и подобрување на состојбите во правосудството воопшто. Се обидуваме и да ги расветлиме состојбите во судството (па и правосудството пошироко). Зборуваме за (не)успехот на реформите во судството во минатата деценија, па и поназад, за Судскиот совет кој за жал ретко кој го перципира како заштитник на судската независност, за судската култура и немоќта на судството да се избори за сопствените интереси, иако судската власт егзистира паралелно со извршната и законодавната, а не под нив.

    Дискутиравме и за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година и непоправливата штета што тие ја предизвикаа во борбата со корупцијата. Објаснивме што, впрочем, овие измени значат. Дури, овие измени се интерпретираат и како упад во работата на судовите кои воделе постапки за организиран криминал и корупција во тој момент.

    Гости во оваа епизода се Дарко Аврамовски, извршен директор во Коалиција Сите за правично судење и Јелена Кадриќ, извршна директорка на Институтот за човекови права.

    Заклучивме дека ни претстои уште долга борба за подобрување на состојбите во овие сфери и дека судството допрва треба да се наметне како власт, покрај извршната и законодавната власт.

    Mehr anzeigen Weniger anzeigen
    32 Min.
Noch keine Rezensionen vorhanden